Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас заедно славеа роденден, таа наполни 53, тој 78

Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас заедно ги прославија родендените. Кетрин го прослави својот 53., а Мајкл  78. роденден. Актерката сподели емотивна објава на Инстаграм.

„Роденден ни е. По 24 години прославување на нашиот посебен ден заедно, сè уште се радувам на тоа. Те сакам“, напишала актерката под фотографија со сопругот.
Кетрин и Мајкл се еден од најстабилните парови во Холивуд. И покрај нивните предрасуди, нивната љубовна приказна сè уште трае.

Двојката се венча во ноември 2000 година во хотелот „Плаза“ во Њујорк. Актерката го роди Дилан, нивното прво дете, три месеци порано. Во 2003 година ја добија ќерката Керис. Актерот од претходниот брак го има синот Камерон.

Scroll to Top