На Јутјуб згаснат каналот на Бака Прасе

Јутјуб-каналот на Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, е згаснат.

Богдан е прилично активен и на Инстаграм, а ни таму сè уште не објавил која е причината зошто го нема каналот.

Богдан Илиќ имаше повеќе од 2 милиони следбеници на каналот, а се тврди дека причина за исклучувањето би можело да биде содржината што ја прикачува во последно време, иако сè уште нема официјално известување за тоа.

Потсетуваме дека минатата недела јутјуберот беше на судско рочиште поради пријавите на Жељко Митровиќ, сопственикот на Телевизија Пинк, а Богдан Илиќ меѓу другото е осомничен и за даночно затајување.




		
		
			
Scroll to Top