(Видео) Селектор му удри шлаканица на еден од своите фудбалери, па се правдаше дека само го погалил

Селекторот на репрезентацијата на Израел до 21 година, Гуј Лузон, му удри шлаканица на еден од своите фудбалери за време на натпреварот против Ирска во плејофот за Европско во 2023.

Израел ја елиминираше Ирска со 3:1 на пенали, а за време на паузата, пред продолженијата, Лузон силно го удри својот фудбалер Зив Морган додека му даваше инструкции. Иако на снимката се гледа јасно дека го шлаканицата беше силна, по мечот се обиде да се оправда.

„Го погалив само. Не е тоа шлаканица. Кога ќе удрам шлаканица има да ја почувствува. Го погалив со љубов и тоа е сè. Беше тоа галење. Нема тука ништо спорно. Разговаравме како професионалци и се смеевме. Му дадов и колаче на крајот на мечот. Можам да им кажам на моите фудбалери што ќе посакам, сè во рамки на добриот дух. Идеме понатаму“, рече Лузон.

Scroll to Top