Познатиот црногорски актер Петар Стугар се разведе од сопругата Оља по две години брак.
Иако во јавноста не се знаеше многу за неговиот брак, неименуван извор ги информирал локалните медиуми дека бракот на актерот завршил.
„Оља и Петар решија да се разделат и секој да си оди по својот пат. Тие останаа во пријателски односи какви што беа пред да стапат во брачна заедница. Нивната разделба немаше расправии, но не можеа да функционираат како брачни партнери, па затоа и тие одлучија дека разделбата е најдоброто решение за благосостојбата на нивниот син. Петар и Оља функционираат одлично одвоено и се посветени родители на малиот Иво. Тие се согласуваат за сите обврски што ги имаат кон синот“, вели изворот за српски „Блиц“.
Неименуваниот извор раскажал дека тие прво биле пријатели, па потоа започнале врска.