Пике и Шакира, познатиот пар што неодамна се разведе, сега првпат биле фотографирани заедно на натпревар во којшто игра нивниот син. Минатиот викенд нивниот најстар син Милан имал бејзбол натпревар на којшто присуствувале Пике и Шакира. Како што велат присутни на натпреварот, некогашните сопружници не разговарале, дури не се ни погледнале. Пике не бил во друштво на својата нова девојка Клара, туку натпреварот го гледал со своите родители. И двајцата биле добро расположени, а се согласиле да се фотографираат со фановите кои им приоѓале во текот на цел натпревар.
View this post on Instagram
Популарната пејачка и нејзиниот поранешен сопруг се разведоа пред шест месеци, по дванаесет години брак во кој имаат две деца. Нивната врска заврши откако Пике почнал врска со друга жена, по што пејачката стави крај на љубовта. И додека Шакира минувала низ тешки животни моменти, Пике веќе уживаше во новата љубов со девојката Клара со која се гледал и додека бил во брак со пејачката. Иако разводот не им паднал лесно, често во јавноста зборувале дека ќе направат сè за нивните деца полесно да ја поднесат настанатата ситуација.