Српската пејачка Јелена Карлеуша пред почетокот на ловната сезона јавно побара да се забрани ловот. Карлеуша преку социјалните мрежи се обидува да ги освести своите следбеници и апелира дека животните треба да се негуваат и да се сакаат.
„Ловот не е спорт. Спортот е фер игра. Кога пукаш во невино и беспомошно животно, нема фер игра. Не си ловец, туку психопат кој ужива да убива. Фарсата за корисниот и неопходен лов ја измислиле оние кои сакаат да го оправдаат својот убиствен, болен пореметен нагон. Секој што убива животни и ужива во тоа, не може да биде добар човек. Забрана за лов во Србија. Забранете ловот да се нарекува спорт. Забрани објавување на слики од убиени животни во медиумите. Гордо позирање покрај труп на убиено животно со широка насмевка не е она што нашите деца треба да го гледаат. Научете ги децата на добрина кон животните. Децата ќе ја спасат планетата од нашето зло“, напиша пејачката на Инстаграм.
Таа е голем љубовник, но и борец за правата на животните, престана да јаде месо, а веќе не можеме да ја видиме во нејзините некогаш омилени бунди и облека од кожа.