Глумецот Бред Пит ги демантираше обвинувањата на бившата сопруга и колешка Анџелина Џоли за сексуално злоставување. Таа неодамна го обвини дека ги тепал и давел за време на лет.
Портпаролот на Пит за „Си-ен-ен“ рече дека најновите обвинувања од Џоли се невистинити и дека сака да ги сврти децата и јавноста поротив татко им.
Тужбата која ја поднесоа адвокатите на Џоли во вторникот во судот во Лос Анџелес, содржи наводи од кавгата во авионот на 14 септември 2016 година. Неколку дена подоцна таа побарала развод.
„Кога едно од децата вербално сакаше да ја одбрани Џоли, Пит му се нафрлил. Тогаш Џоли се обидела да го заштити, па во туркањата таа си го повреди грбот и лактот“, стои во документите кои биле предадени во судот.
Пишува и дека децата се обиделе да се заштитат едно со друго. Пит почнал и да дави едно од децата, а друго удрил по лице. Некои од децата го молеле Пит да престане затоа што сите биле исплашени. Пишува и дека Пит на моменти излегувал од задниот дел на авионот и почнал да вика и да пцуе по нив. Истурил и пиво врз Џоли, а децата ги испрскал со црно вино.