По пензионирањето, Серена Вилијамс реши да го живее животот максимално. Таа на својот Инстаграм објави фотографии и видеа од летниот одмор заедно со нејзиното семејство во Мексико.
Тенисерката во портокалов костим за капење ужива на јахта, но и во друштво на нејзината ќерка Олимпија со која се возат во туристички автомобил и го разгледуваат ресортот.
Неодамна таа сподели и како ужива во мајчинството заедно со ќерка си, на која ѝ прави фризура.
Да потсетиме, тениската легенда Серена Вилијамс годинава се пензионираше по УС Опен. Како што изјавила за магазинот „Вог“, решила да се сврти кон нови работи во животот, а нејзината професионална кариера како тенисер не се вклопува со новите промени. Таа во споменатото интервју истакна дека ѝ било тешко да си признае дека дошло време да го напушти тенисот.
„Знам дека многу луѓе со нетрпение чекаат да се пензионираат и посакувам и јас да се чувствувам исто“, рече таа тогаш.
https://www.youtube.com/watch?v=DYvc6Kz-TUY