Британски пар во тенџере пронајде златници од 17 век

Британска двојка пронашла златни монети кои биле скриени во тенџере, под подот од кујна во куќата каде што се вселиле. Во колекцијата имало околу 260 древни златници, кои биле продадени на аукција за 858,23.754 илјади евра.

Колекцијата на златни монети првично припаѓала на семејството Фернли-Мајстер, семејство од Хал кое тргувало на Балтикот. Тие датираат од периодот од 1610 до 1727 година.

Семејството Феарнли-Мајстерс било познато по увоз и извоз на дрва, руда и јаглен, а некои членови биле во парламентот во раните 1700-ти. Џозеф Фернли и Сара Мајстер се венчале во 1694 година, живееле во село во Источен Јоркшир. Парите ги собрале за време на нивниот брак. Џозеф умрел во 1725 година на 77-годишна возраст, Сара починала на 81-годишна возраст во 1745 година и нивната семејна лоза прекинала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Spink Auctions (@spink_auctions)

Scroll to Top