Глумецот Џејмс Ластовиќ и неговата цимерка Невин Диздари исчезнаа на Хаваите. Последен пат биле видени во неделата на деветти октомври, во одморалиштето Hanalei Bay Resort. Прва пријавила мајката на Ластовиќ, на „Фејсбук“.
Требало да се вратат во Калифорнија во понеделникот, но, не се појавиле на аеродромот, ниту пак го вратиле изнајмениот автомобил. Сите нивни работи ги оставиле во одморалиштето, а последен пат ги видела жената која ги угостила на Хаваите, Кери Флендерс во неделата околу осум часот, пишува „Дејли Мејл“.
Фландрес се слушнала со нив околу 13:30 часот и потоа им се губи секаква трага. Ластовиќ со девојката со која тргнал на пат на Хаваи барале информации за плажата Shipwrecks, а особено ги интересирало местото за нуркање на карпите. Се знае и дека се распрашувале кај персоналот во одморалиштето, за државниот парк Коки, каде сакале да заминат на долго пешачење.
Полицијата се вклучила во потрагата и ги земала работите кои двојката ги оставила во одморалиштето. Објавен е и број на телефон за сите оние кои имаат било какви информации за Џејмс и Невин.
За потсетување, Џејмс е познат по улогата во серијата на „Ен-би-си“, „Денови од нашиот живот“, а глумеше и во продукцијата на „Нетфликс“, „Ненаситна“. Според неговата биографија на сајтот ethnicelebs.com, неговиот дедо од страна на мајка му, Џозеф Ластовиќ, бил по потекло од Југославија, од Хрватска.