По официјалниот развод од Ким Кардашјан, американскиот рапер Канје Вест сега повторно е во врска. По кратката авантура со глумицата Џулија Фокс, музичарот овој пат е фатен со бразилската манекенка Џулијана Нала. Папараците неодамна ги снимија заедно.
View this post on Instagram
Џулијана е Бразилка, која на „Инстаграм“ ја следат речиси половина милион луѓе. Родена е и израсната во Рио де Жанеиро. На 13 години мајка ѝ ја пуштила во водите на манекенството.
„Мајка ми ми помогна да си ги остварам моите сништа. Постојано патува со мене низ светот и посетивме многубројни манекенски агенции“, рече Џулијана за светските медиуми и откри дека семејството ѝ е најголемата поддршка што ја добива.
Многуте снимања ѝ овозможија огромен број пријатели на социјалните мрежи, а бројката особено порасна откога е видена во друштво на Вест.