Актерот Орландо Блум во видео кое го објави на „Инстаграм“ зборуваше за несреќата што ја доживеал на 19 години. Рече дека тоа бил најтешкиот период во неговиот живот. Мислел дека никогаш нема да прооди.
„Паднав од третиот кат и го скршив грбот. Имав среќа што преживеав, ‘рбетниот мозок ми беше недопрен, но лекарите ми рекоа дека по несреќата можеби никогаш повеќе нема да одам“, рече Блум.
View this post on Instagram
„Месеците по несреќата беа тешки за мене. Отсекогаш бев физички активен и одеднаш морав да мирувам. Болките беа неподносливи“, призна актерот.
Пред неколку месеци објави и фотографија како вози велосипед, која ја направил по несреќата во 1998 година.
„На фотографијата возам велосипед, три месеци откако паднав од третиот кат и го скршив грбот. Ја избегнав смртта и речиси останав парализиран.
View this post on Instagram