Џони Деп и Амбер Херд повторно на суд

Поранешната холивудска двојка Џони Деп и Амбер Херд повторно завршија на суд, пишува Daily Mail. Актеркатаи нејзиниот адвокатски тим вложија жалба од 16 точки за пресудата за клевета од претходно годинава, која беше донесена во корист на Деп.

Во документите кои ги доставија до Жалбениот суд во Вирџинија, Амбер тврди дека Деп ја навел поротата да му поверува за да ѝ се суди на неа за изјавата која ја рекла пред обвинувањето за семејна злоупотреба.

Нејзините адвокати сметаат дека доказите не се доволно јасни за каква било зла намера од нејзина страна, што е една од клучните точки кои мора да бидат задоволени за некој да биде осуден за клевета. Деп пред судот тврдеше дека Амбер го наклеветила во еден текст во 2018 година, објавен во „Вашингтон пост“.

Таа детално го опишала семејното злоупотребување кое го доживеала од негова страна, иако во текстот не го објавила неговото име. Херд го изгуби случајот и сега му должи на Деп 10,2 милиони долари. Судот на неа ѝ додели отштета од два милиони долари, откако таа покрена противтужба.

Поротата ѝ поверува во случајот дека Деп ја наклеветил  преку неговите адвокати. Сега со нејзиниот адвокатски тим вложија жалба затоа што таа одлука е неприфатливо некозинстентна.

Исто така, се жалат и за местото на судење и сметаат дека требало да се случи на посоодветно место од Ферфакс, Флорида. Тимот на Деп, пак, сакал судењето да се одржи таму, бидејќи тука се печати „Вашингтон пост“.

 

Scroll to Top