Британскиот комичар Џејмс Корден го исфрлиле од ресторан во Њујорк затоа што го навредувал персоналот

Британскиот комичар и водител Џејмс Корден (44) бил исфрлен од ресторанот „Балтазар“ во Њујорк, затоа што го навредувал персоналот. Сопственикот на ресторанот Кит Мекнали го нарече Корден најнеподносливиот гостин кој го имале во 25 години работа.

„Џејмс Корден е многу талентиран комичар, но е кретен. Ги навредуваше вработените во мојот ресторан. Во овие 25 години колку што го водам местото ретко исфрлам гостин, но денес го избркав Корден. Слично се однесуваше и пред неколку години во еден друг мој ресторан, ‘Кафе Луксембург’“, рече Мекнали.

Тој објасни дека Корден го навредувал персоналот затоа што не ја добил масата која му била резервирана.

„Корден дојде со сопругата. Побара маса за надвор, но доби друга. Сопругата му нарача омлет со сирење и салата. По неколку минути откако ја добија нарачката се пожалија дека белката и била измешана со жолчката. Тогаш почна викањето“, објасни Мекнали.

Додаде и дека нарачката и била преправена во кујната, но за жал наместо салата им бил однесен домашен помфрит.

„Тогаш Корден почна да вика како луд. Им викаше дека не можат да си ја завршат работата како што треба и дека можеби треба тој да влезе во кујна и самиот да си направи омлет“, додаде тој.

Scroll to Top