Маршал Брус Матерс, познат како Еминем, славеше роденден. Американскиот пејач, продуцент и глумец кој освои голем број вредни награди, меѓу кои 13 Греми, 15 MTV Europе Music и 13 награди на MTV Video Music, го прослави 50 роденден.
Раперот кој продаде повеќе од 155 милиони албуми и стана еден од најпродаваните изведувачи на сите времиња е роден е во Мисури, а поголемиот дел од детството го минал во Детроит во Мичиген.
Родителите му свиреле во бендот Daddy Warbucks, но брзо откако се родил татко му ги оставил со мајка му ѝ се преселил во Калифорнија. Во школо имал многу проблеми. Домарот Д’ Анџело Бејли често го малтретирал, а проблеми му правеле и неговите школски другари. Мајка му Деби го тужела школото во 1982 година. Подоцна Еминем напишал и песна за тоа Brain Domage.
Истиот тој домар подоцна го тужел за нарушен углед. Еминем имал проблеми и со учењето па средното школо морал да го повторува трипати.
Бил во лоши односи со мајка му кога станал зависен од лекови. Особено проблеми имал кога стекна популарност во 1999 година, со албумот The Slim Shady LP. Подоцна ја основа издавачката куќа Shady Records, која прослави голем број рапери, меѓу кои и 50 Цент.
За кратко време стекна голема слава и стана еден од ретките мега познати белци на рап-сцената. Но и самиот призна дека популарноста му удри во глава. Земал и по 30 Vicodin дневно, за што за малку ѝ ќе починел. Го спасил британскиот музичар Елтон Џон.
View this post on Instagram
„Елтон Џом му беше совршен ментор. Му се јавуваше во текот на неделата за да види како напредува и станаа многу блиски“, напиша Енотни Боз во биографијата на Еминем.
По борбата со зависноста, почна да слабее и симна голем број килограми. Трчал по 27 километри на ден. Се борел со калориите додека не се симал на само 67. Рече дека од една зависност преминал на друга.
„Бев како хрчак, постојано трчав додека не се повредив. Дури тогаш почнав да внимавам и станав умерен во вежбањето“, рече Еминем.
Во 2018 година се случи една од најбизарните кавги на сцената. Таа година без да најави го објави албумот „Камиказа“ во кој навреди голем број рапери, меѓу кои и Машин Ган Кели.
Го навреди затоа што во 2012 година Кели на „Твитер“ напиша дека ќерка му Хали Џејд Скот била згодна. Хали имала само 17 години и тоа му засмета на Еминем. Го нарече раперот фејкер и ја исмеа неговата фризура. Потоа навредите престанаа, но и двајцата од тогаш не се поднесуваат.
Две години по јавната преписка Еминем повторно ја шокираше јавноста и на сите им се пофали дека останал 12 години чист. „Чист 12, во книгите. Не се плашам“, напиша тој.
За зависноста говори без задршка. Откри дека имало време кога земал и 30 таблети против болки, а од 40 до 60 за смирување и тоа во само еден ден.