Манекенката Емили Ратајковски неодамна е забележани како страсно се бакнува со непознат маж, откако се шпекулираше дека е во врска со актерот Бред Пит.
Според „Дејли мејл“ манекенката неодамна била фатена во прегратките на друг маж. Иако идентитетот на овој мистериозен маж, кој страсно ја бакнувал Емили, се уште не е откриен, медиумите успеаја да го снимат нивниот емотивен момент.
Фотографиите се проширија на социјалните мрежи, а шпекулациите и наводните приказни дека славната манекенка излегува со Бред Пит овој пат се покажаа како невистинити.
Да потсетиме, Емили Ратајковски пред само неколку месеци поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Себастијан МекКлауд, а како што наведуваат странските медиуми, причината е неговото неверство и измамата со сега веќе поранешната сопруга. Набргу потоа се појавија гласини дека 31-годишната манекенка се гледа со Бред Пит, па дури и извор близок до манекенката посочи дека можеби нешто се случува меѓу нив.
Сепак, најновите фотографии докажуваат дека на повидок е нова љубовна приказна.
</pre
EXCLUSIVE: Emily Ratajkowski KISSES handsome mystery man in NYC as she quashes THOSE Brad Pitt romance rumors https://t.co/wUvjPVCjU2
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) October 17, 2022