Новиот документарец за принцот Хари и Меган Маркл ќе се прикаже на „Нетфликс“ во декември пренесе Page Six. Прво се шпекулираше дека побарале да се одлжи заради негативните реакции од петтата сезона на серијата „Круна“, која треба да излезе на 9 ноември.
Биографиите на кралското семејство и коментаторите веќе ја критикуваат новата сезона која излезе два месеци по смртта на кралицата Елизабета Втора. Во новата сезона се зборува за Чарлс, кој додека беше принц, планираше како да дојде до тронот. Продуцентите ги отфрлаат ваквите критики и истакнуваат дека „серијата секогаш ја најавувале како фикција базирана на историски настани“.
„’Нетфликс’ ги изнервира па решија да преземат акција и го одложија документарецот“, откри анонимен извор.