Гадафи се заљубил и се оженил во Сараево на хит на Неда Украден

Поранешниот либиски лидер и полковник, Муамер Гадафи, се заљубил и оженил во Сараево на хитот на Неда Украден „Зора је сванула“. Ова го откри пејачката во шоуто на Огњен Амиџи, а го објави и во нејзината автобиографија „Зора е“, која излезе денес.

Откри детали од времето кога се запознале и рече дека Гадафи бил еден од нејзините обожаватели.

„Кога го запознав околу нас имаше 106 луѓе. Беше некој вид на културна делегација. Не прими во еден голем шатор. Беше сјаен и свилен. Изгледаше како двор. Имавме слушнато многу за него. Имам и фотографија за спомен. Кога го запознав имав трема. Зборувавме многу, а му го отпеав и мојот најголем хит „Зора је  сванула“. Ми рече дека ја знае песната и дека студирал во Сараево,. Таму се оженил, а претходно со оваа песна ја запознал љубовта на неговиот живот“, рече Неда во шоуто на Амиџи.

 

Scroll to Top