(Видео) Констракта е номинирана за Греми-награда

Српската пејачка Ана Ѓуриќ, позната како Констракта, која доживеа голем успех во кариерата по настапот на Евросонг 2021 година, е предложена за наградата „Греми“. Убавата вест ја сподели на „Инстаграм“ и објасни дека е номинирана во категоријата за најдобар настап и изведувач за песната In corpore sano.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @konstrakta

Ја номинирал еден од членовите на Академијата за снимање уметности и науки. За потсетување, во моментов се одвива првиот круг од гласањето, а дали ќе биде номинирана ќе биде познато на крајот на октомври.

За потсетување, Констракта неодамна одржа концерт во Загреб каде посетителите беа воодушевени од нејзиниот настап.

Scroll to Top