Фолк-пејачката Лепа Брена полни 62 години, а роденденот го прослави на романтична вечера со сопругот во Мајами. Таа објави слика со Боба каде што наздравуваат со чаша вино, во познатиот ресторан Prime 112.
Брена во моментов е на американска турнеја, но паузата меѓу концертите ја искористи да дојде на Флорида, каде што таа и Боба имаат куќа.
Инаку, Брена веќе одржа неколку концерти на источниот брег на САД. Таа откри и дека турнејата им оди одлично, па на десетината концерти што претходно беа закажани, додале и нови датуми за Лас Вегас. Таму ќе настапат во ноември. На турнејата со Брена е и македонскиот пејач Александар Јосифовски, кој настапува како предгрупа со нејзиниот бенд.