Неда Украден го промовираше романот „Зора је сванула“, приказна за нејзиниот живот што ја напиша самата

Пејачката Неда Украден ја промовираше автобиографија „Зора је сванула“. Таа на промоцијата во Белград кажа дека романот е приказна за нејзиниот живот и дека самата го пишувала изминатите три години.

„Да се пишува за луѓе кои не се живи е исклучително тешко. Ова на некој начин ме обврзува на поголема почит и поголема дискреција. Во книгата пишував за големите и мали љубови. Во една прилика, еден Новозеланѓанец ме побара за жена 12 часа од нашето запознавање“, рекла пејачката.

Таа со многу емоции зборувала и за војната, која ѝ го сменила животот.

„Кога побегнав пред војната, не замислував дека никогаш нема да се вратам. Дека никогаш повеќе нема да го поминам прагот на мојот дом. Таа ситуација, кога стоите на белградскиот аеродром, кога сфаќате дека повратниот билет не е повратен билет, туку билет во еден правец, е претешка. Не ми е лесно додека зборувам за сето ова, сега голтам кнедли“, додала Украден.

Пејачката вели и дека книгата ја пишувала од срце, па затоа е возбудлива, драматична и распеана.

„Додека ја пишував во овие три години, сфатив дека сум доживеала многу прекрасни, возбудливи, но и тажни и драматични ситуации, дека сум запознала прекрасни луѓе и дека сум преживеала неколку љубови“, вели таа.

 

Scroll to Top