Пејачот Марко Булат пренесен во болница, го претепала сопругата

Пејачот Марко Булат (49) денеска околу 16 часот бил пренесен во Ургентниот центар во Белград, откако го претепала сопругата Марија, пишува „Блиц“. Тие пишуваат и дека фолк-пејачот е на операција, но не јавуваат повеќе детали.

Булат во болницата бил донесен со приватно возило, а неговите повреди биле видливи. Тој бил повреден при расправија со сопругата во семејната куќа во Нов Белград.

Пејачот се прослави уште во 1990-тите години и го доби прекарот „Кралот на сплавовите“. Тој учествуваше и во реалното шоу „Задруга“, но и во „Срвајвер“ заедно со Тони Зен и Гоца Тржан.

Марко и Марија се во брак седум години.

Scroll to Top