Судот во Њујорк ја отфрли тужбата против актерот Кевин Спејси за сексуален напад, пишува Би-би-си.Случајот го покрена Ентони Рап, кој тврди дека актерот го допирал несоодветно на забава организирана во 1986 година кога имал 14 години.
Рап, сега 50-годишен и исто така актер, ја поднесе тужбата во септември 2020 година и побара отштета од околу 40 милиони долари. Спејси ги отфрли обвинувањата.
Во четвртокот, по тринеделното судење пред федералниот суд на Менхетен, поротата утврди дека Рап не успеал да го докаже тврдењето дека Спејси извршил несакан сексуален напад.
Сослушувањето траело повеќе од еден час, а откако судијата ја прочитал пресудата, Спејси наводно ги прегрнал своите адвокати пред да ја напушти судницата.
Тој, исто така, се соочува со пет обвиненија во Велика Британија за сексуален напад, на кои тој се изјасни за невин.