Кание Вест ја ангажираше адвокатката на Џони Деп да го спаси од тужби

Раперот Кание Вест ја ангажираше адвокатката на Џони Деп за да му помогне околу големиот број тужби. Вест во последните неколку месеци е главна тема во светот на славните поради однесувањето и контроверзните објави. Доби голем број тужби, а во борбата против нив ќе му се приклучи Камила Васкез.

Вест и Васкез се запознале на судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд. Како што пренесува TMZ, раперот ја ангажирал Васкез и адвокатската компанија Brown Rudnick. Камила со своите адвокатските способности кои ги покажа на судењето меѓу Деп и Херд стекна голема популарност.

Таа сега ќе биде задолжена за деловните интереси на Вест, вкулучувајќи ги и договорите и новите бизниси. Кание поради големиот број напади на социјалните мрежи, тврдењата поврзани за смртта на Џорџ Флојд и маиците на кои пишуваше White Lives Matter, ја изгуби соработката со брендот Balenciaga.

Вест во моментов минува низ тежок развод со Ким Кардашијан, а за адвокатката која ќе му помогне во разводот ја ангажираше и поранешната сопруга на Бил Гејтс, Мелинда Френч Гејтс.

 

Scroll to Top