Принцот Влијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон раскинале на почетокот на врската, откри кралскиот батлер, Грант Харолд. Тој рече дека Кејт била многу слатка девојка и дека ѝ се допаднала на кралското семејство.
„На почетокот на врската беа како и секои дечко и девојка. Кејт многу ми се допаѓаше. Таа не беше дел од кралското семејство, но беше неверојатно пристојна и фина си сите нив. Се шегуваше и разговараше со нив. Со Вилијам бев во многу добри односи. Ме бараше на мобилен, што за моите пријатели беше сензационално, но, за мене беше нормално“, рече Харолд, кој седум години работеше за кралот Чарлс Трети.
Вилијам и Кејт се запознале на Универзитетот Св. Ендру, кога имале 19 години. По кратко време и двајцата почнале да се гледаат и излегуваат.
„Еднаш на кратко прекинаа и ми беше многу жал, затоа што ги обожавав. За среќа брзо се смирија и продолжија да излегуваат. Тоа беше сосема обична врска, како и секојд друга, што е чудно кога знаете за кого станува збор. Но, тие се однесуваа нормално“, откри Грант.
Рече дека од кралското семејство си заминал пред 11 години, а во меѓувреме Кејт и Вилијам се венчаа во 2011 година. Сега имаат три деца.