Пејачката Марија Спасовска го објави видеото за новата песна со која настапи на „Макфест“ „Омилен“. Автор е самата таа, а музиката, текстот и аранжманот се на Роберт Билбилов. Спотот го сними „Урбан Рекордс“.
„Презадоволна сум од песната, настапот и реакциите на публиката. Задоволна сум како се претставив. Добивам по десетици пораки дневно на социјалните мрежи од луѓе кои не ги познавам. Им се допаднал мојот настап и тоа осебно ме радува и ме мотивира во исто време“, ни рече Марија.
Во исто време работи има сработено уште неколку песни, кои планира да ги објави за неколку недели. За потсетување, Марија настапи и во првата вечер и втората вечер од фестивалот во Штип.