Затемнувањето на Сонцето денес можеше да се види од Земјата од поголем број на места. Едно од нив беше и Белград, каде Месечината го покри Сонцето во точно 11:22 часот, а се тргна од Сончевиот диск во 13:38 часот. Зенитот на затемнувањето во Нови Сад се случи во 12 часот и 29 минути, а во Белград минута подоцна.
Експертите предупредуваат дека ваквите моменти, за безбедност на очите, треба да се следи низ специјални очила со заштитно стакло. Најбезбедно е да се набљудува проекцијата на сликата на Сонцето на бела хартија преку оптички инструмент или директно преку него, доколку има соодветни филтри“, се посочува во најавите.