Канје Вест тврди дека Тарантино му украл идеја за филм

Раперот Канје Вест тврди дека идејата за филмот на Квентин Тарантино, Django Unchained од 2012 година е негова.

Вест беше гостин во емисијата „Пјерс Морган без цензурирање“, а на популарниот водител му кажал дека дошол до идеја за блокбастер со тема ропство како концепт за неговиот спот.

„Идејата за филмот Django Unchained им ја дадов на Џејми Фокс и Квентин Тарантино кога јавно ја претставив мојата визија за спотот за песната Gold Digger. А потоаТарантино го претвори во филм“, изјавил Канје, мислејќи на неговиот хит од 2005 година.

Фокс гостуваше во песната Gold Digger, која ја освои наградата „Греми“, а се појави и во спотот во режија на Хајп Вилијамс. На крајот, спотот немаше никаква поврзаност со оваа идеја, туку беше класично рап видео во кое убавиците танцуваат покрај рапери и пејачи.

Канје во последно време е на насловните страни на светските медиуми поради неговите антисемитски ставови, за кои упорно одбива да се извинува, поради што речиси секојден ги губи спонзорските договори. Последна во низата која ја прекина соработката со него е модната куќа „Баленсијага“. Имено, раперот на Инстаграм инсинуираше дека музичкиот магнат Паф Деди е контролиран од Евреи.

Тој на последната модна ревија во Париз откри и контроверзни маички со натпис „Белите животи се важни“ со што само започна нова серија дискусии за неговите ставови.

Покрај тоа, тој на Твитер напиша дека е подготвен да се справи со Евреите, поради што неговите профили на социјалните мрежи привремено се блокирани.

Scroll to Top