Највалканиот човек на светот почина на 94 години, неколку месеци откако првпат се избања

Највалканиот човек на светот, Иранецот Аму Хаџи почина на 94 години, само неколку месеци откако првпат се избања. Иранските медиуми пренесоа дека Хаџи се немал избањато повеќе од половина век, а новинската агенција „Ирна“ објави дека починал во неговото село во јужната провинција Фарс.

Хаџи се немал избањато со вода и сапун повеќе од 60 години, а селаните кои го познавале велат дека тоа е така затоа што уште како мал доживеал трауми. Наводно верувал дека чистотата може да го убие, но, пред неколку месеци, сепак успеале да го убедат и да се избања.

По неговата смрт, човекот кој може да го превземе рекордот за најдолг период на небањање би можел да биде Кајлаш Синг. Индиецот се нема избањато повеќе од три децении.

Scroll to Top