Таеквондистите од клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид освоија 5 златни, 3 сребрени и 8 бронзени медали на „Србија опен 2022“ во Нови Сад, Србија, каде што учествуваа околу 350 натпреварувачи од 42 клубови од 12 земји, Србија, Хрватска, Грција, Бугарија, Словенија, БиХ, Австрија,Унгарија, Романија,Чешка, Молдавија и Македонија.
Македонскиот клуб настапи со 14 натпреварувачи, под водство на Марјанчо Лазаревски, носител на црн појас V дан. Сите учествуваа во 2 дисциплини и тоа борба со замислен противник и спаринг борби.
Таеквондистите од охридскиот клуб пред неколку дена учествуваа и на турнирот во Корча, Албанија, од каде се вратија со 30 медали и шест трофеи.