Иранската ѕвезда Сахар Табар, властите ја осудија на 10 години затвор, излезе по само 14 месеци поради притисокот од јавноста. Властите пред повеќе од една година ја осудија заради богохулие, поттикнување на насилство меѓу младите, незаконито стекнување на имот и кршење на правилата за облекување.
Табар стана позната по операциите кои ги имаше направено за да изгледа како Анџелина Џоли. На пријателите им се фалела дека направила повеќе од 50 операции, но многу од фановите сметаат дека фотографиите кои ги објавила на интернет, се преработени во фотошоп.
Го доби и прекарот „Мртвата невеста“, затоа што многу потсетувала на ликот од истоимениот цртан филм. Пред сите корекции изгледала обично како и сите нејзини врснички. Почнала да ги објавува контроверзните фотографии затоа што мислела дека само така ќе стане позната.
Рече дека за неа интернетот бил многу поедноставна алатка да стане славна, отколку да биде глумица. Откако излезе од затвор се поајви во едно интервју, а сите го забележаа корекциите на лицето, образите, устата и носот.
„Секој пат кога ќе објавам фотографија, сакам да го направам моето лице позабавно. Тоа е мојот начин на изразување, еден вид на уметност. Моите пријатели знаат дека тоа не е моето вистинско лице“, рече таа.
Сахар по излегувањето рече дека повеќе нема да ги користи социјалните мрежи како алатка за да стане славна.