Децата кои играат видеоигри три или повеќе часа во денот имаат поголеми и посилни активности на мозокот во деловите поврзани со вниманието и меморијата покажале најновите истражувања.
Често ваквиот тип на активности многумина ги сметаат за шетни за децата. Сметаат дека оние кои се зависни од ваков вид забава стануваат подепресивни, понасилни и со посилно агресивно однесување. Сепак неодамнешното истражување кое било направено на речиси 2000 деца покажало поинакви резултати.
„Оваа студија придонесе во нашето растечко разменување на поврзаноста на играњето видеоигри и развојот на мозокот“, рече коавторката на студијата Нора Волков, директорката на американскиот Национален институт за злоупотреба на дрога.
„Бројни студии ги поврзуваат видеоигрите со проблематичното однесување и проблемите со менталното здравје. Оваа студија сугерира дека можат да постојат и когнитивни користи поврзани со оваа популарна разонода, што е вредно за понатамошно истражување“, додаде таа.
Истражувачите ги истражуваа когнитивните способности кај 2.000 учесници, кои биле поделени во две групи, оние кои не играат видео игри и оние кои тоа го прават по три или повеќе часа дневно.
Додека ја следеле мозочната активност, процениле дека децата кои играле видеоигри можеле да запаметат повеќе информации и биле побрзи и поточни во решавањето на задачите. Нивниот мозок покажал посилна активност во деловите поврзани со вниманието и меморијата.