Филмот на Теона Стругар – Митевска „Најсреќниот човек на светот“ на завршната церемонија на Филмскиот фестивал на словенечки филм во Порторож, Словенија, освои три награди.
Во категоријата за најдобра копродукција ја освои главната награда „Весна“ за најдобар филм. Во националната категорија за најдобар словенечки филм со исклучок од жирито „Најсреќниот човек на светот“ доби две награди: „Весна“ за најдобар костим доби словенечката костимографка Моника Лорбер, која е долгогодишен соботник на нашата режисерка Стругар-Митевска, и награда „Весна“ за најдобра шминка за Мојца Горогранц-Петрушевска.
Овие две награди најчесто им се доделуваат на словенечки автори за словенечки филмови, а не на малцински копродукции, но со одлука на жирито тие се доделени за „Најсреќниот човек на светот“.
Во петокот филмот имаше премиера и на Филмскиот фестивал во Загреб. По македонската премиера во четвртокот, филмот се прикажува на редовниот репертоар на кино „Милениум“.