Мали и големи, машки и женски, зарѓани од водата и времето, чевлите на брегот на Дунав во близина на парламентот во Будимпешта се споменик што предизвикува тага и мака. Тие се посветени на жртвите кои беа фрлени во Дунав за време на Втората светска војна.
Ференц Саласи, чија идеологија беше слична на онаа на Хитлер, беше водач на партијата Крст со стрелки, унгарска тоталитарна националсоцијалистичка партија.
Се проценува дека тој е одговорен за смртта на околу 500.000 Унгарци со еврејско потекло, а 20.000 биле застрелани на брегот на Дунав. Тие им наредиле на жртвите да ги соблечат чевлите, а потоа безмилосно ги убиле и телата ги фрлиле во реката.
View this post on Instagram
Чевлите на брегот на Дунав потсетуваат на злосторството. Споменикот од леано железо, кој се состои од 60 пара чевли од четириесеттите години на 20 век, е создаден од филмскиот режисер Кан Тогај и скулпторот и сликар Џула Пауер. Машките работни чевли, женските потпетици и чевли беа специјално избрани за да го претстават теророт што не ги поштедил ниту жените, ниту децата. Споменикот беше завршен на 16 април 2005 година.
View this post on Instagram