Сер Дејвид Ормсби-Гор е Велшанецот кој ја реши Кубанската ракетна криза и го спречи Кенеди да влезе во нуклеарната војна со Русите

Кога светот беше на работ на нуклеарно уништување, Велшанецот Сер Дејвид Ормсби-Гор успеа да ги задржа нервите и неговите и на американскиот претседател Кенеди и веројатно да го спаси светот од нуклеарна војна, пишува Би-Би-Си.

Во октомври 1962 година, Советска Русија се обиде да инсталира оружје на остров на Карибите, настан кој стана познат како Кубанска ракетна криза. Таквото оружје можеше да ги уништи САД и затоа претседателот Џон Ф Кенеди ја блокираше Куба.

Велшанецот Сер Дејвид Ормсби-Гор, тогаш британски амбасадор во Вашингтон, успеа да го задржи претседателот Кенеди смирен.

Додека Америка напредуваше во трката за нуклеарно вооружување, Советите чувствуваа дека нивната единствена опција за превентивен напад на Западот, е да ги пренесат ракетите на Куба и тоа на само 80 милји од американскиот брег.

На 22 октомври претседателот Кенеди издал наредба да му го донесат Одмсби-Гор во Белата куќа без никој да го види. Во моментот кога претседателскиот авион слетал, Сер Дејвид, кој подоцна ќе стане петтиот лорд Харлех, веќе го чекал во Овалната соба.

Заменик-претседателот на Кенеди, Линдон Б Џонсон за нивната средба напишал: „Бев таму и ги видов двајцата како гледаа во мапите и си шепотеа на другиот крај од собата“.

Зошто овој Велшанец се нашол во собата? Одговорот лежи во 1938 година, кога таткото на ЏФК, Џозеф Кенеди, бил американски амбасадор во Лондон.

Гери Гинсберг, адвокат на семејството Клинтонови, кој е и новинар, историчар и автор на книгата „Први пријатели“, пишувал извештаи за луѓето кои најмногу влијаеле врз американските претседатели. Рече дека тоа било долгогодишно но, лажно партнерство.

„Во 30-тите и двајцата беа втори синови и за ниту еден од нив не се очекуваше да направи нешто големо, но и двајцата ги загубија своите постари браќа, едниот во војна, другиот во сообраќајка“, рече Гери и додаде дека во тоа време сè што требало да направат е да создадат пријателство засновано на разговор за голф, коњи и политика.

Гинсберг опиша како двајцата ќе седнале во јавната галерија на Долниот дом за да го слушнат зборувањето на Винстон Черчил.

„Беа постојано во контакт, бидејќи Кенеди стана конгресмен, а Ормсби-Гор пратеник. Претпоставувам дека не се ни размислувало кога Харолд Мекмилан побарал од Ормсби да стане амбасадор на Велика Британија во Вашингтон“, рече Гинсберг.

На 23 октомври ноќта, Сер Дејвид студиозно ги избегнувал повиците од тогашниот премиер Харолд Мекмилан. Кенеди поставил ембарго за бродови околу островот, но советските бродови, кои носеа уште повеќе проектили, се упатија кон Куба.

Гинсберг рече дека предллогот на Дејвид, многумина во тоа време го сметале за слаб, но во ретроспектива станува збор за еден од најголемите дела на светската дипломатија. Дејвид предложол да се намали ембаргото за растојание од 800 милји на 500.

Тврдел дека на тој начин им даде на капетаните на бродовите и на советските водачи, повеќе време да размислат за последиците од она што го прават.

И таквиот негов предлог успеал. На 29 октомври советските бродови се вратиле дома. Под водство на Сер Дејвид, двете суперсили продолжија со воспоставување на жешка линија и директна комуникација за да се осигураат и двете страни дека тензиите никогаш повеќе нема да го достигнат тоа ниво без претходно двајцата лидери да разговараат.

САД, исто така, ги повлекоа ракетите од Турција и беше направен договор за намалување на вооружувањето. Една година подоцна, се случи атентатот на Кенеди.

Сер Дејвид денес има големо влијание на велшката медиумска сцена како претседател на Британскиот одбор за класификација на филмови и основач на ХТВ. Во 1968 година тој ја запроси вдовицата на ЏФК, Жаклин Кенеди, која го одби. Но двајцата и понатаму останаа добри пријатели.

Таа присуствуваше и на неговиот погреб во 1985 година. Меѓу ожалостените беше и братот на ЏФК, Теди Кенеди, кој рече дека неговата мајка Роуз го опишала Сер Дејвид како нејзин син.

Извор:Би-Би-Си

Scroll to Top