Се венчаа Мис Аргентина Мариана Варела и Мис на Порторико Фабиола Валентин. Убавата вест ја објави Марина и рече дека сака врската да им остане приватна.
„Откако одлучивме врската да ни остане приватна, само сакаме да ги известиме нашите фанови за овој посебен ден за нас“, рече Марина, која објави фотографија и видео од венчавката.
Двете се венчаа на 28 октомври годинава. Се запознаа на натпреварот за убавина „Мис Гранд Интернатионал 2020“. Таму се спријателија и продолжија да се дружат и по натпреварувањето. На социјалните мрежи досега имаат објавено голем број заеднички фотографии пишува Hola magazin.
View this post on Instagram
Варела ја претставуваше Аргентина на Мис Универзум во 2019 година и заврши меѓу топ 10 девојки на изборот за „Мис Гранд Интернатионал 2020“. Неколку години беше модел и соработуваше со различни компании за различни кампањи. Работеше и на различни иницијативи поврзано со родово насилство.