Американскиот пејач Арон Картер почина на 34 години. Неговото тело го нашла полицијата во куќа во Калифорнија. Повикот стигнал во саботата во 11 часот утрото. TMZ пренесе дека полицијата не нашла никакви знаци на насилство, но дека истрагата ќе продолжи за да се открие причината за неговата смрт.
Семејството Картер потекнува од Њујорк, но пред да се роди Арон, се преселиле во Флорида, каде имале старечки дом. Картер го имал постариот брат Ник, ѕвездата од „Бекстрит Бојс и три сестри близначки, Ангел, Би Џеј и Лесли. Неговата смрт била една од низата семејни трагедии.
Сестра му Лесли починала во 2012 година, по пад во кадата. Патолозите подоцна утврдиле дека се предозирала со лекови. Пет години подоцна, во сон починал и татко му Роберт Гене.
Арон уште како дете покажал талент кон музиката. Првиот соло настап го имал на 9 години, во 1997 година за време на турнејата на „Бекстрит Бојс“, во Берлин. Настапот му донел богат договор, а есента истата година ја издал и првата песна Crush on You. Недела дена пред десетиот роденден го издаде и првиот албум со неговото име.
Новиот милениум му донсе голем број успеси, заработка, албуми и нови песни. Се појави во детски емисии, настапи и на американското натпреварување „Танц со ѕвездите“, а песните му беа хитови низ целиот свет. Низ годините направи пресврт во кариерата. Попот го замени со рапот, а бројните фанови ги загрижи со неговиот изглед и однесување.
Во 2006 година беше свршен со плејбој зајчицата Кари Ен Пениче, но брзо се разделија затоа што бил премногу насилен. Обожавателите ги изненади откако во 2017 година јавно призна дека е бисексуалец. Објасни дека никогаш не бил во врска со маж. Меѓу жените со кои биле беа и Хилари Даф и Линѕи Лохан.
Во 2013 година банкротирал. Открил дека е должен повеќе од 3,5 милиони долари. Станува збор за даночен долг кој го направил додека бил на врвот на популарноста. Сите долгови ги подмирил година дена подоцна.
Во 2017 година во емисијата „Доктори“, зборуваше за проблемот со опијатите и апсењата додека се дрогирал. По бројните тестирања се утврдило дека во себе немал нелегални супстанци, туку дека станувало збор за мешавини на опијат и лекови.
Картер објаснил дека ги користел лековите за стрес и за полесно да заспие. Во 2017 година имал 52 килограми кога се пријавил во клиника за лечење во Малибу. Во 2019 година добил забрана за приближување на семејството, поточно на сестрите и брат му биле загрижени за неговото здравје.
Ник тврдел дека Арон сакал да ја убие тогаш неговата бремена сопруга Лорен. Арон се бранел дека тој бил оној кој бил злоставуван. Прво од сестра му Лесли. Тврдел дека го злоставувала кога имал само 10 години, а потоа и брат му Ник, кој пак ги негирал сите обвинувања.
Во тоа време Арон имал сериозни проблеми. Во 2021 година бил закажан концерт во Лас Вегас, но настапот е откажан затоа што не сакал да се вакцинира против Ковид.