Документарна серија „Дедо мраз сериски убиец“ го прикажа случајот со Брус Макартур, Канаѓанец кој работел како Дедо Мраз во трговски центар. Брус убивал само геј-лица, а деловите од нивните тела ги криел во тегли. И покрај тоа што ѝ бил познат на полицијата, во период од 2010 до 2017 година убил осум мажи.
Бил уапсен во полициска акција во Торонто. Истражителите кај него ги пронашле деловите од телата на неговите жртви. Ги сокрил во тегли и саксии во предградието каде што работел, пренесе Би-би-си.
На судењето, 67-годишниот Брус се изјаснил за виновен за убиство од прв степен по осум точки од обвинението. Неговите жртви биле Селим Есен, Ендру Кинсман, Мајед Каихан, Дин Лисовик, Абдулбасир Фаизи, Скандарај Наваратнам и Соросуш Мухмуди.
Повеќето од нив биле поврзани со населба во Торонто, а заедничко за сите било тоа што биле со блискоисточно и јужноазиско потекло. Затоа што Мекартур ја признал вината, повеќето од доказите не ни биле претставени на сослушувањето во рочиштето.
Репортерот на Би-би-си, Мобин Азхар, бил во Торонто да открие како убиецот успеал да остане неоткриен за целиот овој период од седум години. Разговарал со луѓето кои го познавале, семејствата и пријателите на неговите жртви и детективите кои се сомневале дека е сериски убиец години пред да биде уапсен.
Луѓето кои Макартур ги убил воделе двојни животи. Често не биле во состојба да бидат искрени за тоа со кого имаат секс поради нивното верско потекло, што ги правело уште поранливи. Жртвата Абдулбасир Фаизи бил со авганистанско потекло и дошол во Канада како мигрант.
Живеел со жената и децата, а повеќето од времето го минувал работејќи во фабрика. Ноќта кога исчезнал посетил бургер бар и сауна во едно геј-село во Торонто. Неговата сопруга била шокирана кога дознала каде бил ноќта кога последен пат бил виден. Како и другите жртви, и тој водел таен живот.