Турска милионерка паднала од крузер, полицијата се сомнева во љубовникот откако во истиот момент исчезнал целиот нејзин накит

Турска милионерка и сопственичка на компанијата за скапоцен накит во Турција „Тифани“, Дилек Ертек загина за време на крстарење на крајот на октомври. Полицијата работи на разрешување на случајот, но се сомневаат во нејзиниот љубовник, откако целиот накит по нејзината смрт мистериозно исчезнал.

Седумдесет и едногодишната Дилек важела за привлечна и негувана жена. Загина на 26 октомври за време на скапото и егзотично крстарење кога паднала од крузерот кај Тахити. Турските медиуми и „Дејли мејл“ веќе со денови се занимаваат со нејзината смрт.

Турскиот весник „Сабах“ напиша дека нејзиното семејство барало од полицијата да го истражи нејзиниот љубовник кој е Швајцарец. Двајцата биле заедно на крстарењето. Син ѝ Гокче Атук за британскиот „Дејли мејл“ рече дека е чудно што скапоцениот накит исчезнал од сефот во кабината во која биле сместени.

Сомнително им било тоа што накитот се наоѓал во кабината во која била сместена неговата мајка и тоа што тој исчезнувањето го пријавил дури 20 часа подоцна. Форензичарите биле збунети и не им е јасно како жена која била висока само 157 сантиметри успеала да падне преку оградата која била висока преку еден метар.

Во меѓувреме, потрагата била прекината затоа што неверојатно е телото по толку дена да биде пронајдено. Безбедносните камери наводно забележале како една фигура паѓа во морето.

Scroll to Top