Пејачката Мартија Станојковиќ има нов дечко. Таа е во љубовна врска со фудбалскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.
Информацијата дека тие двајца се во врска ја откри блиска пријателка на парот, која објави инстаграм стори на кое Мартија и Чурлинов се бакнуваат и прегрнуваат, иако ни мартија, ни Дарко засега не потврдија дека се заедно.
Дарко од пред неколку месеци игра за екипата на Барнли во првата англиска лига, а таму додје од германскиот шампионат. Чурлинов подголго време е и дел од македонската фудбалска репрезентација.
Мартија претходно беше во врска со Милан Илиќ со кој ретко споделуваше јавни фотографии. Јавноста ја запозна како учесничка на балканското музичко шоу „Пинкови ѕвездички“.