(Видео) Цело Скопје му дојде на промоција на Зоран Спасов-Ѕоф: „Џабе живиш у Скопје“ е новата хит-книга

Голем број пријатели, соработници и луѓе од јавниот живот, дојдоа на промоција на новата книга „Џабе живиш у Скопје“ на авторот Зоран Спасов Ѕоф. Специјални гости му беа Игор Џамбазов и Бранко Огњановски, кои со доза на хумор раскажаа што содржи четивото „Џабе живиш у Скопје“. Ниту авторот Ѕоф не ја криеше возбудата, од една страна среќен што „Интермецо“ е претесно да го собере сите кои дојдоа, од друга страна, затоа што верува дека оваа книга ќе ги обори рекордите за продажба.

„’Џабе живиш у Скопје’“ е збирка актуелни, изумрени и подзаборавени поими, фрази, синоними, коишто се карактеристични за скопјани. Тука е опфатена и приказната за скопскиот хумор, за кој сметам дека е еден од најдобрите, скопските (не)култура, историја, менталитет и јазик. Досега имам напишано неколку книги. Некои од почит кон Југославија, други од почит кон Торонто, но оваа ја напишав затоа што сакав да му се оддолжам на Скопје“, рече Ѕоф на својата промоција.

По говорот на гостите им подаруваше и потпишуваше книги. Меѓу нив имаше голем број глумци, пејачи, менаџери, новинари.

Познатиот глумец Игор Џамбазов му порача дека еден ден сигурно ќе снимат филм за неговите книги. Ги видовме и Ребека и Бени Шакири, актерката Весна Петрушевска, Бобан Милошовски од Авалон, и многу други. За атмосферата се погрижи групата „Бијело дугме трибјут“, кои ги забавуваа гостите со најпопуларните песни на некогашната југословенска рок-група.

 

Книгата „Џабе живиш у Скопје“ е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Дизајнот на корицата е на стрип-авторот Михајло Димитриевски – Тxе Мичо. Книгата е достапна во сите книжарници на Литература.мк, онлајн преку literatura.mk.

За посетување освен последнава книга, Ѕоф е автор и на книгите „Торонто експрес“ која е апдејт на неговата Тибам Штркот, „Тито, мојот претпоследен херој“, „Некогаш, негде“.

 

 

 

 

 

Scroll to Top