Викендов во Белата куќа се омажи Наоми, внуката на американскиот претседател Џо Бајден. Се омажи за адвокатот Питер Нил, а венчавката ја направија на тревникот пред претседателската резиденција.
Имаше стотина гости, а за оваа пригода градината во Белата куќа беше украсена со гирланди од бели цветови. Наоми Бајден е постарата ќерка на Хантер Бајден, помладиот син на Џо. Името го доби по постарата ќерка на претседателот, која загина во сообраќајка во 1972 година, кога имала само година дена.
Невестата носеше фустан од „Ралф Лорен“, а инспирација ѝ била принцезата Грејс Кели, пренесе „Вог“. Низ историјата во Белата куќа се одржале вкупно 18 венчавки. Меѓу останатите една од нив се случи во 1971 година, кога се венчаше ќерката на Ричард Никсон, поранешниот претседател.
Во 2013 година се омажи ќерката на Пит Соза, фотографот на Барак Обама. Во Белата куќа четири пати се организирале и банкети, по венчавки кои се одржале на други места. Меѓу нив била и прославата по венчавката на Џена Буш, една од ќерките на Џорџ Буш Помладиот во 2008 година.
Сега првпат се случи еден претседател да ја омажи внуката. Интересно е тоа дека во јавноста се покрена јавна расправа за тоа на кој начин се организирала венчавката. Имено, службите и обезбедувањето забраниле пристап со образложение дека станува збор за приватен настан.