Елтон Џон го одржа последниот концерт во истиот клуб каде што ја почнал кариерата

Елтон Џон  одржа спектакуларен концерт во Лос Анџелес, со што ја заврши својата проштална американска турнеја во градот каде што ја започна блескавата кариера која траеше половина век во 1970 година во локалниот ноќен клуб „Трубадур“.

На стадионот Доџер, каде што одржа два незаборавни концерта во 1975 година, Елтон Џон беше домаќин на специјална вечер, настан што се пренесуваше во живо на Дизни+.

„Како што знаете, ја прекинувам турнејата и ова ќе биде мојот последен концерт во Америка и Канада“, изјави пејачот и музичар пред да излезе на сцената со својот сопруг Дејвид Фурниш и двата сина, со кои сака да поминува повеќе време.

Британската мега-ѕвезда има посебен однос со Лос Анџелес и се сеќава дека станал познат и признаен во Америка, а не во Велика Британија. Елтон Џон ја започна прошталната турнеја под името „Farewell Yellow Brick Road“ во 2018 година, планирајќи повеќе од 300 концерти низ светот за три години, но таа беше прекината од пандемијата на коронавирусот и тој ја продолжи турнејата во 2022 година.

Пејачот освои дури шест Греми награди, наградата Легенда и беше примен во Куќата на славните на рокенролот и Куќата на славните на композиторите. Тој пристигна на стадионот Доџерс во наметка со светки и безбол капа и ѝ рече на публиката: „Бидете нежни и љубезни еден кон друг. Збогум“. А потоа ја отпеа „Godbye Yellow Brick Road“.

Елтон Џон ќе патува за Австралија во јануари на вториот дел од неговата турнеја.





		
		
			
Scroll to Top