Најдобриот фудбалер на светот во мај потпишал договор со Саудијците, па затоа Аргентина ги пушти да ги победат на првиот натпревар во нивната група на Светското првенство во Катар, тврдат шпанските медиуми.
Шпанскиот весник „АС“ во објавениот текст тврди дека Меси неодамна потпишал милионски договор со владата на Саудиска Арабија за да биде нивни промотор, а го истакнуваат и неодамнешниот обид на оваа земја да биде домаќин на Светското првенство.
Целиот свет беше во шок кога по голот на Меси, Саудиска Арабија успеа да направи пресврт и тоа во период од само пет минути со головите на Салех Алшехри и Салем Алдавсари. Изненадувањето не е само поради рекордните пет минути разлика, туку и во тоа што Саудијците се вториот најевтин тим на Светско.
„Шокантната победа нè тера да се прашаме не само како Аргентина изгуби од вториот најевтин тим на Светско, по Катар, туку и како Саудијците ја запреа низата од 36 натпревари без пораз на Аргентина и Меси, која траеше три и пол години и кој важеше за тим кој треба да го освои Светското. Изгледа Меси им е промотор“, пишува во текстот на шпански „Ас“.
„Во мај, веројатно најдобриот и најпознат фудбалер на планетата потпиша договор за да ја промовира Саудиска Арабија. Договорот специфично говори за државно вложување и туризам, но не може да не се забележи дека Саудиска Арабија го посакува Светското првенство во 2030 година“, пишува во текстот.
Шпанците отидоа и чекор понатаму и се сомневаат дека Меси добил пари за да го избели имиџот на Саудиска Арабија по убиството на Џамал Кашоги.
„Маркетиншкиот договор на Меси во кој добил неверојатна количина кеш да ја промовира земјата е набљудуван како обелување на имиџот на земјата, за да се заташкаат кршењето на човековите права и убиството на Џамал Кашоги, кршење на женските, ЛГБТ-правата и правата на сите оние кои се против првиот човек на државата Мохамед бин Салман“, е наведено во текстот.
Исто така за Мундијалот во 2030 година битката за домаќин ја водат и Аргентина, заедно со Парагвај, Чиле и Уругвај. „Ас“ во текстот навел дека според договорот потпишан со Саудиска Арабија, Меси би можел да биде промотор на одржување на Светското во заливската монархија, а не во неговата татковина.