Маргот Роби била блиску да се откаже од глумата, се предомислила кога го снимила филмот „Јас, Тоња“

Маргот Роби за време на говорот на BAFTA: A Life in Pictures откри дека била блиску да се откаже од глумата, но се предомислила кога го снимила филмот „Јас, Тоња“. Тогаш забележала дека е одлична актерка. Филмот е снимен е по вистинска приказна за уметничката лизгачка Тоња Хардинг и излезе во 2017 година.

„Кога го гледав филмот си реков дека сум добра актерка“, рече Роби.

Маргот е позната по улогата во филмот „Волкот од Вол Стрит“, но по тој филм, откри дека размислувала да се откаже од глумата, затоа што медиумското внимание кое го добивала ѝ бил преголем товарт. Подоцна сфатила дека е добра во тоа што го работи.

„Нешто се случи во тие рани фази и работите ми изгледаа грозни. Се сеќавам дека ѝ реков на мајка ми дека не сакам да го работам ова повеќе, а таа само ме погледна и рамнодушно ми рече дека е предоцна за такво нешто. Во тој момент сфатив дека треба да продолжам само напред“, рече Роби.

Маргот во моментов го снима филмот за легендарната Барби, со актерот Рајан Гослинг, кој ќе го глуми Кен. Филмот треба да излезе следната година.

 

Scroll to Top