(Видео) Го погребав син ми кога имаше три и пол месеци, Жељко Самарџиќ првпат и искрено за семејната трагедија

Пејачот Жељко Самарџиќ веќе неколку децении е на јавната сцена, а во неговата кариера најголема поддршка му е семејството. Пејачот има три ќерки и четири внуци, а со сопругата Маја, со која ги дели и радоста и тагата, е веќе четири децении.

Сепак нивниот почеток и заеднички живот започнал со голема трагедија. Прерано го изгубиле синот кога имал само три ипол месеци. Во потресната исповед тој зборуваше за погребот на бебето и како со Маја заедно ги преброделе тие тешки времиња.

„Семејството на татко ми е од Никшиќ. Таму го погребавме малиот Златко. Тоа беше голема загуба за нас. Кога ќе дојде тој месец, Маја и јас ја делиме тагата и секогаш размислуваме што би било ако останеше жив. Но, тоа е животот“, ја почна својата приказна Жељко.

„Никогаш човек не знае што ќе му се случи во животот. Ќе шетате по улица, па може да ве удри автомобил. А не сте се надевале на такво нешто. Златко имаше само три и пол месеци. Името му го дадовме по мојот кум, кого многу го сакав. Се сеќавам на тој период, кога мојата покојна баба ќе дојдеше да го види својот правнук. За неа тоа беше голем шок. Во Црна Гора раѓањето машко дете е голема работа. Никогаш тоа нема да го заборавам. Фамилијарно отидовме сите од Мостар во Никшиќ за да го погребаме“, се потсети Жељко.

Scroll to Top