На 98 -годишна возраст почина доајенот на високата мода, модниот креатор Ренато Балестра.
Информацијата ја соопштија неговите ќерки Фабијана и Федерика заедно со внуката Софија, која ќе го преземе управувањето со брендот.
Погребот ќе се одржи в вторник на 29 ноември во главниот град на Италија во црквата Санта Марија дел Пополо.
Балестра дизајнираше облека за холивудските диви Софија Лорен и Ава Гарднер, брзо станувајќи една од најпочитуваните стилисти на големите ѕвезди на холивудската кинематографија. Тој случајно пристигна во светот на модата. Неговите пријатели од Техничкиот факултет го замолиле да дизајнира женски фустан поради обложување, но потоа без негово знаење ја испратиле скицата во една висока модна куќа во Милано, која веднаш го повикала да соработува со нив.
Con la scomparsa di Renato Balestra la nostra Nazione perde un’eccellenza di stile, decano dell’alta moda e simbolo del genio italiano nel mondo. Sincere e sentite condoglianze alla sua famiglia e a tutti i suoi cari. pic.twitter.com/zTf0RSctvF
— Giorgia Meloni (@GiorgiaMeloni) November 26, 2022