(Видео) Навивач со знаме на виножитото го прекина натпреварот Португалија – Уругвај

Натпревар Португалија- Уругвај вчера беше прекинат во 51. минута, бидејќи навивач истрча на терен со знамето на виножитото.

Тој носеше маица со натпис „Почит за жените во Иран“ на грбот, изразувајќи ја својата поддршка за протестите низ азиската земја против угнетувањето на жените и нивното отстранување од јавниот живот. На предната страна на дресот пишуваше „Спаси ја Украина“, а во раката носеше знаме со виножито, со оглед на тоа дека правата на ЛГБТК+ популацијата се голема тема на Светското првенство во Катар. Обезбедувањето набрзо реагираше го отстрани навивачот од терен и натпреварот продолжи.

Потегот на наввачот на фудбалскиот терен брзо стана една од главните теми на Твитер. Многумина го фалат неговиот храбар чин во одбрана на човековите права. Ова се само дел од твитовите за овој навивач.

„Овој човек буквално си го ризикуваше животот за да го вее знамето со виножито на Светското првенство. Да се ​​биде геј во Катар е кривично дело казниво со три години затвор, а во некои случаи и смрт“, „Каков херој“, „Многу почит за момчето што истрча на теренот со знаме од виножито“, „Тој го стави својот живот во опасност. Истрча на теренот со знаме од виножитото, маица со „Спас за Украина“ напред и „Почит за жените во Иран“ на задната страна додека наводните херои се плашеа да добијат жолт картон“, „Ова е човек на натпреварот“, „Најхрабриот човек на теренот“, „Се надевам дека тој навивач ќе стане заштитно лице на првенството“, се само дел од твитовите.

Да потсетиме, некои европски земји сакаа да носат панделки со виножито за да го свртат вниманието на светот на фактот дека споменатото население ги нема сите права во Катар. Сепак, под притисок на ФИФА попуштија.

 

Scroll to Top