Природна елка со сијалички и црвени лампиони, е изборот за новогодишно дрво на Викторија Лоба. Пејачката објави видео додека ја украсуваше елката во друштво на нејзините миленици, кучињата Маша и Мила.
„Најубавиот период од годината“, напиша Лоба.
Пејачката изминатава година се омажи за нејзиниот долгогодишен партнер, бизнисменот Ѓорѓи Калешов. Тие во август се венчаа во Охрид на Канео, а во септември направија свадба во познат скопси хотел.
View this post on Instagram