„Сам дома“ е прогласен за најдобар божиќен филм на сите времиња

Филмот „Сам дома“ беше избран за најдобар филм на сите времиња во Велика Британија. Синџирот кина Showcase Cinemas спроведе анкета за да дознае од граѓаните на Велика Британија кој е нивниот омилен божиќен филм. Филмот „Сам дома“ од 1990 година доби 19 отсто од гласовите во анкетата спроведена пред празничната сезона.

На второ место е филмот „Елф“ со 14 отсто гласови и на трето место Love Actually со 13 отсто гласови. Освен за филмови, тие гласаа и за своите омилени ликови во божиќните филмови.

Британците ја изгласаа изведбата на Вил Ферел како елф Бади за најдобра. На второ место е Маколеј Калкин како Кевин Мекалистер со 17 отсто од гласовите.

Што се однесува до актерите кои го играа Дедо Мраз, улогата на покојниот Ричард Атенборо во римејкот на „Чудото на 34-та улица“ од 1994 година беше избрана за фаворит со четвртина од гласовите (26 проценти). Курт Расел заврши на второто место со 20 проценти за улогата на Дедо Мраз во филмот „Божиќни хроники“, додека Том Хенкс, кој го обезбеди гласот за анимираниот филм „Поларниот експрес“, беше трет со 18 проценти од гласовите.

Инаку, за да го прослават Божиќниот период, Showcase Cinemas ќе прикажуваат низа омилени празнични филмови во кината низ Обединетото Кралство.

„Божиќ е навистина најубавиот период од годината кога станува збор за киното. Низ годините имаше толку многу филмови и моменти од празничниот спектар на филмови, а „Сам дома“ е заслужен победник во нашата анкета“, информираат од кината Showcase Cinemas.

Scroll to Top